Франција: Министерката за спорт поднесе оставка

Франција: Министерката за спорт поднесе оставка

Париз, 4 септември 2018 (МИА) - Француската министерка за спорт Лаура Флесел поднесе оставка од лични причини.

Поранешната олимписка шампионка, и еден од најпопуларните министри на францускиот претседател Емануел Макрон, најави оставка пред очекуваната реконструкција на кабинетот.

-Ќе продолжам да бидам верен тимски играч на претседателот и премиерот, на чија одлучност се восхитувам и чии вредности и патриотизам го почитувам, наведе Флесел во соопштението. ир/зш/13:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.