• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Шпанија откажа продажба на оружје на Саудиска Арабија

Шпанија откажа продажба на оружје на Саудиска Арабија

Мадрид, 4 септември 2018 (МИА) - Шпанија ја откажа продажбата на 400 ласерски наведувани проектили на Саудиска Арабија, стравувајќи дека тоа оружје може да го користи коалицијата предводена од Ријад  против бунтовниците во Јемен.

Договорот првично беше потпишан во 2015 година, за време на поранешната конзервативна влада во Мадрид, но новата влада од левиот центар соопшти дека ќе ги врати 9,2 милиони евра, кои Саудиска Арабија веќе ги платила.

Портпаролката на Министерството за одбрана ги потврди наводите, но одби да говори за деталите. ир/зш/13:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.