• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Макрон именуваше нов министер за животна средина

Макрон именуваше нов министер за животна средина

Париз, 4 септември 2018 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Франсоа де Ружи за министер за животна средина, соопшти Елисејската палата.

Де Ружи е поранешен пратеник од зелените, а сега е член на владејачката партија.

Именувањето на Ружи доаѓа откако Никола Ило поднесе оставка поради недостиг на поддршка од Владата.

Тој образложи дека одлуката за оставката е резултат на „насобрано разочарување“ поради неадекватните чекори во борбата против климатските промени, одбраната на биодиверзитетот и решавањето на другите закани по животната средина.

Франсоа де Ружи е познат како прагматичар, кој минатата одлука ја поддржа одлуката на Макрон за одложување на фазната редукција на нуклеарна енергија во производството на електрична енергија во Франција. ссм/14:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...