• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Француската воена морнарица подготвена да интервенира во спорот за школки со Велика Британија

Француската воена морнарица подготвена да интервенира во спорот за школки со Велика Британија

Париз, 4 септември 2018 (МИА) - Францускиот министер за земјоделство Стефан Травер денеска изјави дека француската воена морнарица е подготвена да реагира доколку продолжат судирите меѓу француски и британски рибари кои ловат школки во близината на брегот на Нормандија.

Травер побара претставници на рибарите од двете земји да се сретнат утре и да разговараат за спорот, во рамките на кој досега избија неколку судири меѓу рибарски бродови.

Франција не им дозволува на нејзините државјани да ловат школки во текот на летото и раната есен, додека Велика Британија не ги ограничува нејзините рибари, што води до конфликт меѓу нив. Француските рибари ги обвинуваат Британците дека ги крадат нивните школки и ги напаѓаат британските бродови со камења, гасни бомби, па дури имаше и обиди да се предизвика судир меѓу бродовите.

- За Британците овие води се како шведска маса, можат да ловат колку сакаат и кога сакаат. Ние се обидовме да контактираме со Британците да престанат да ловат, но дојде до судир, изјави Димитри Рогоф од риболовната служба на Нормандија.

И британските рибари побараа заштита од нивните вооружени сили по француските напади врз нив. цч/ми/15:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.