• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Амбасадата на САД и на Израел во Берлин добиле заканувачки писма

Амбасадата на САД и на Израел во Берлин добиле заканувачки писма

Берлин, 4 септември 2018 (МИА) - Германската полиција денеска соопшти дека неколку писма со бел прав биле испратени до Амбасадата на САД и до Амбасадата на Израел во Берлин.

Истрагата утврди дека белиот прав не е штетен односно дека во писмата било ставено прашок за перење.

Портпаролот на полицијата Мартин Халвег изјави дека писмата до амбасадите биле испратени на 22 август, како и оти Американската амбасада примила писмо со сомнителен прав и на 30 август.

- Осомниченото лице е познато на властите. Тој испрати слични писма до двете амбасади и во јули годинава, посочи Халвег. ми/14:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.