• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Песков не потврди дека Путин доаѓа во белград

Песков не потврди дека Путин доаѓа во белград

Белград, 4 септември 2018 (МИА) - Кремљ се уште нема донесено одлука за можна посета на претседателот Владимир Путин на Србија и Франција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашање на новинарите дали е познат датумот на посетата на Путин на Србија, Песков одговори негативно, информира руската агенција Тасс.

- Не, засега не, одговори Песков.
На прашањето дали започнале подготовките за оваа посета, тој родговори дека „засега не е јасно".

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, претходно денеска изјави дека Путин ќе ја посети Србија во октомври или ноември.

Чепурин рече дека политичките односи меѓу Србија и Русија се добри и дека на двете земји им треба повеќе време и значај за да се посветат на економската соработка. Тој најави дека во октомври, пред посетата на Путин на Србија, ќе се одржи меѓувладин комитет за соработка меѓу Русија и Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот во Батајница во август најави дека Путин треба да ја посети Србија во ноември. об/ссм/17:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милиони долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...