• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Анкета во Германија:Крајната десница посилна од социјалдемократите

Анкета во Германија:Крајната десница посилна од социјалдемократите

Берлин, 5 септември 2018 (МИА) – Германската ултрадесничарска Алтернатива за Германија (АфД) ги престигна социјалдемократите, покажа анкета објавена вчера, неколку дена по едни од најнасилните протести на радикалната десница какви што немало со децении.

Околу 6.000 приврзаници на АфД и антиисламската партија ПЕГИДА, во саботата се собраа во Кемниц, што беше еден во низата протести поради убиството на еден Германец на 26 август од страна на мигранти во истиот град.

Според анкетата, која ја спровел институтот ИНСА, АфД на избори би освоила 17 отсто од гласовите, додека социјалдемократите, кои се коалициски партнер на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, би добиле 16 отсто.

Конзервативниот блок Христијанско демократската унија и Христијанско социјалната унија, според истата анкета, би освоил 28,5 отсто од гласовите.

Следниот тест на силата на партиите во Германија ќе биде на 14 октомври на изборите во Баварија, коментираат локалните медиуми. јт/09:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...

Парче килибар тешко 1,8 килограми пронајдено во Калининград

Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во ...