Лавров: САД сакаат да создадат „опасно жариште“ во Украина

Лавров: САД сакаат да создадат „опасно жариште“ во Украина

Москва, 5 септември 2018 (МИА) - Целта на САД во Украина е да создадат „опасно жариште“ на напнатост на границата со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сегеј Лавров.

- Сакам да  прашам кој е вашиот интерес во Украина. Не знам што бараат САД во Украина, освен што сакаат да создадат долгогодишна опасност на границата со Русија, изјави Лавров.

Според него, предлогот на специјалниот пратеник на САД за Украина Курт Волкер за распоредување воен контингент на ОН од 30.000 или 40.000 војници во Донбас значи окупација на тој регион. 

Лавров вели Договорот од Минск предвидува многу широки мерки од одржување избори, а со акциите е предвидено на Донбас да му се додели посебен статус и спроведе амнестија.

Истовремено, тој оцени дека Франција и Германија треба да имаат поактивна улога во решавањето на проблемот Украина, како членки на Нормандиската група. ир/зш/12:05

 

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...