• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка

Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка

Лондон, 5 септември 2018 (МИА) - Британските власти именуваа двајца Руси за кои е подигнато обвинение поради труењето со нервен агенс на  поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери.


- Издаден е налог за апсење. Осомничени се Александар Петров и Руслан Боширов. Тие се на околу 40 години и патувале со руски пасоши под лажен идентитет, нагласи началникот на полицијата за борба против тероризмот
.

Двајцата Руси се соочуваат со обвиненија за криминален заговор со цел убиство на Скрипал и употреба на хемиско оружје.

Според Обвинителството, тие имаат доволно докази за покренување истрага против Петров и Боширов.

Скрипал и неговата ќерка беа отруени во март оваа година. Тој инцидент предизвика дипломатска војна меѓу Британија и Русија бидејќи официјален Лондон ја обвини Моксва за нападот.

Русија негира вмешаност во инциднетот.зш/12:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.