• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Саксонски премиер: Нулта толеранција за екстремната десница

Саксонски премиер: Нулта толеранција за екстремната десница

Берлин, 5 септември 2018 (МИА) - Премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер предупреди денеска дека ултрадесничарскиот екстремизам претставува најголема закана за демократијата и треба да постои нулта толеранција кон злосторствата на екстремната десница.

Тој во саксонскиот Парламент истакна дека властите официјално ќе именуваат контакт-лице за жртви и ќе го разгледаат скратувањето на правната процедура против екстремистите.

Пред десет денови во Кемниц мигранти убија еден Германец по што започнаа антимигрантски протести во тој саксонски град.

Во судири меѓу ултрадесничарите, полицијата и контра демонстрантите се повредени неколку лица. гт/15:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ