• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Русија почна воздушни напади врз Идлиб

Русија почна воздушни напади врз Идлиб

Москва, 5 септември 2018 (МИА) - Русија почна воздушни напади врз инфраструктурата во северната сириска провинција Идлиб, која во последно време е големо упориште на бунтовниците, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Четири руски воени авиони гаѓаа цели поврзани со бунтовниците, вклучително и нивен магацин за оружје и база за лансирање на дронови, а руската армија тврди дека метите се далеку од станбените населби. Русија тврди дека со тоа оружје бунтовниците ги напаѓале руските воени бази во Сирија.

Русија првпат воено интервенираше во Сирија во 2015 година, кога дојде до пресврт во сириската граѓанска војна во корист на силите на претседателот Башар ал Асад.

Во вчерашните воздушни напади врз Идлиб загинаа осум лица. ми/15:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...