• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР

Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР

Лондон, 5 септември 2018 (МИА) - Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот в.д. амбасадор Иван Володин, откако претходно премиерката Тереза Меј изнесе нови детали за двајцата осомничени руски агенти обвинети дека го извршиле труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март.

Според Велика Британија, двајцата Руси - Александар Петров и Руслав Боширов - допатувале во Лондон од Москва два дена пред Сергеј и Јулија Скрипал да бидат затруени со нервниот отров новичок. Двајцата се обвинети за обид за убиство и употреба на нервен отров, но Британија не бара нивна екстрадиција од Русија бидејќи тоа не е возможно според руското законодавство, а постојат сомнежи и дека се работи за агенти со лажни идентитети.

Јури Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска возврати на обвинувањата. Тој рече дека двете имиња кои ги претставила Британија не им значат ништо на руските безбедносни служби. цч/ми/17:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.