• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Британија бара седница на Советот за безбедност за случајот Скрипал

Британија бара седница на Советот за безбедност за случајот Скрипал

Лондон, 5 септември 2018 (МИА) - Британија побара Советот за безбедност на Обединетите нации утре да одржи седница за случајот со труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британија денеска обвини две лица за кои тврди дека биле членови на руското воено разузнавање, дека го извршиле обидот за атентат во март во британскиот град Солсбери, во кој Сергеј и Јулија Скрипал беа тешко повредени, а едно лица подоцна почина од дополнително труење.

Британија планира да ги информира другите постојани членки на Советот за безбедност за нејзините сознија во случајот Скрипал. Британските обвинители денеска ги именуваа двајцата наводни атентатори како Александар Петров и Руслан Боширов, а Кремљ одговори дека овие имиња не им значат ништо на руските безбедносни служби. цч/19:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...