Зехофер: Mиграциjaта е мајката на сите проблеми

Зехофер: Mиграциjaта е мајката на сите проблеми

Берлин, 6 септември 2018 (МИА) – Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер упати силна критика против миграцијата во Германија и со тоа ги заштити ултрадесничарските демонстранти во Кемниц, пишуваат повеќе германски весници.

На маргините на заседание на неговата партија Христијанско-социјалната унија, конзервативниот Зехофер рекол дека „миграцијата е мајката на сите проблеми во Германија“, пишуваат весниците „Велт“ и „Билд“.

Министерот, кој беше во центарот на сериозна владина криза во јуни и јули, поврзана со политиката за прием на мигранти, изјави дека ги сфаќа луѓето што демонстрираат во Кемниц по убиството на 35-годишен маж, поради кое еден Сириец и двајца Ирачани се во противор.

- Тоа не ги претвора тие лути луѓе во нацисти, рекол тој.

Изјавите на Зехофер доаѓаат во момент кога неговата партија се подготвува за избори на 14 октомври во Баварија. Партијата е соочена со ризик да го загуби мнозинството, а крајната десница Алтернатива за Германија може да постигне значителен пробив. јт/07:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...