• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Франкфурт мора да забрани дизел возила

Франкфурт мора да забрани дизел возила

Франкфурт, 6 септември 2018 (МИА) - Суд во Германија пресуди дека Франкфурт мора да ја забрани употребата на дизел возилата кои се големи загадувачи со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот.

Управниот суд во Висбаден донесе одлука врз основа на иницијатива на една група за заштита на животната средина која го иницира процесот тврдејќи дека Франкфурт не ги исполнува стандардите на ЕУ кога станува збор за нивоата на азотните оксиди.

Засега не е познато колку возила ќе бидат погодени од судската одлука.

Во Германија, Хамбург веќе забрани постари модели на дизел возила на одредени патишта, додека властите на Штутгарт исто така планираат следната година да ги забранат во некои делови од градот.

Овие забрани се базираат на судската пресуда од февруари која на градовите им овозможи во мерките за заштита на воздухот да ја вклучат и забраната за употреба на дизел возила. ви/јт/09:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...