Барбери нема да ја пали непродадената облека

Барбери нема да ја пали непродадената облека

Лондон, 6 август 2018 (МИА) - Британскиот луксузен моден бренд „Барбери“ денеска соопшти дека нема повеќе да ја плати непродадената стока, ниту да користи природно крзно во своите колекции.

Компанијата истакнува дека сака да стане општествено и еколошки одговорна, откако призна дека минатата година запали стока вредна 28,6 милиони фунти. 

- Современиот луксуз значи да се биде социјално и еколошки одговорен. Тоа е клучно за нашиот долгорочен успех, изјави извршниот директор Марко Гобети.

Оваа британска модна куќа минатата година уништи непродадена облека, модни додатоци и парфеми во вредност од 28,6 милиони фунти, за да го заштити својот бренд. Вкупната вредност на уништените производи на „Барбери“ во изминатите пет години изнесува околу 90 милиони фунти.

Уништувањето на производите компанијата го оправда со појаснување дека се штити од кражба или продажба по пониска вредност. паг/12:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...