Британскиот министер за безбедност го обвини Путин за труењето на Скрипал

Британскиот министер за безбедност го обвини Путин за труењето на Скрипал

Лондон, 6 септември 2018 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин сноси крајна одговорност за нападот со нервен агенс „новичок“ врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март оваа година, изјави британскиот министер за безбедност Бен Волас.

Тој вели дека Путин сноси одговорност, бидејќи тој е претседател на Руската Федерација и неговата влада ги „контролира, основа и управува“ воено разузнавачките служби.

Скрипал и неговата ќерка беа пронајден во несвесна состојба на 4 март во Солзбери, а истрагата утврди дека биле затруени со новичок. ир/зш/11:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...