• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Полска се заканува со блокада на докапитализацијата на ЕИБ после Брегзит

Полска се заканува со блокада на докапитализацијата на ЕИБ после Брегзит

Лондон, 6 септември 2018 (МИА) – Полска се закани со блокада на планираната докапитализација на Европската инвестициска банка по излегувањето на Британија од Европската унија, ако не добие поголема улога во таа институција, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Полска сака поголемо влијание во важните институции на ЕУ, што е причина и за нејзината желба за поголем удел во ЕИБ чии сопственици се 28-те членки на Унијата, наведува весникот повикувајќи се на неименувани високи полски функционери.

Иницијативата на Варшава временски се совпаѓа со подготовките на Британија за излез од ЕУ, која е најголем акционер во Банката. Полска нагласува дека ќе блокира договор за замена на уплатениот капитал ако нема да може да го зголеми својот удел, пишува лондонскот весник.

Полските власти тврдат дека нивниот план е во интерес на заемодавачите бидејќи британскиот капитал ќе биде заменет со свеж капитал наместо со банкарски резерви.

ЕИБ и полското Министерство за финансии досега не ги коментираа овие информации. јт/зш/12:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ