• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Курц го поддржа Вебер и Западен Балкан во ЕУ

Курц го поддржа Вебер и Западен Балкан во ЕУ

Виена, 6 септември 2018 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ја поддржа кандидатурата на Манфред Вебер за претседател на Европската комисија на претстојните избори за Европскиот парламент и побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност.

- Се друго би било нефер кон кандидатите, рече Курц на седница на Европската народна партија во Виена.

Во врска со Вебер, Курц изрази задоволство што германскиот политичар од Христијанско-социјалната унија  се одлучил на кандидатура додавајќи дека тоа е важен чекор.

Во исто време, Курц и Вебер во своите обраќања, остро ги критикуваа „популистите“ и предупредија на опасноста „граѓаните да паднат во нивна замка“. јт/12:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ