• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Пет мигранти се удавиле кај Гибралтар

Пет мигранти се удавиле кај Гибралтар

Мадрид, 6 септември 2018 (МИА) - Шпанската крајбрежна стража денеска информираше дека пет мигранти се удавиле при потонувањето на бродче источно од Гибралтар. Спасувачите извлекле 53 преживеани мигранти од водите на Средоземно Море.

Во текот на вчерашниот ден шпанските бродови интервенирале кај уште 11 бродови, од кои биле примени 501 мигрант. По затворањето на рутата меѓу Либија и Италија, сега Шпанија е главна дестинација на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Средоземното Море. Гибралтар, каде дистанците меѓу Европа и Африка се исклучително кратки, е една од најпрометните дестинации за мигрантските бродови во изминатиот период. цч/16:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.