• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Меркел: Германија има интерес од континуиран економскиот развој во Турција

Меркел: Германија има интерес од континуиран економскиот развој во Турција

Анкара, 6 септември 2018 (МИА) - Германија има „стратешки интерес" од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел.

Меркел рече дека Германија и Турција треба да го зајакнат дијалогот и соработката и покрај несогласувањата што ги имаат околу бројни политички прашања.

- Германија има стратешки интерес од стабилен економски развој во Турција. Ако дејствуваме на начин кој ќе ја ослабне Турција, тоа нема да биде во наш интерес, рече таа.

Изјавата на канцеларката доаѓа во услови кога, според медиумите, Берлин бара начини да и помогне на Турција да ги надмине економските потешкотии.

Меркел, исто така, ги отфрли критиките од страна на германските опозициски партии за планираната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 28 и 29 септември.

- Не можеме секогаш да размислуваме за светот во црно-бело, тоа не е реалност, рече таа.

Меркел додаде дека германско-турските односи се „посебни" поради повеќе од три милиони Турци што живеат во Германија. ссм/17:27

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...