• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Повеќе од 40 отсто ИЦС компјутери биле нападнати во првиот квартал

Повеќе од 40 отсто ИЦС компјутери биле нападнати во првиот квартал

Москва, 7 септември 2018 (МИА) - Повеќе од 40 отсто од компјутерите кои се дел од системот за индустриска контрола со заштитени решенија на компанијата Касперски, регистрирале напади со штетен софтвер најмалку еднаш во првата половина од 2018 година.

Најзагрозени држави од таков вид напади се Виетнам, Алжир и Шри Ланка.

Најбезбеден регион за тие системи била Данска.

Кибер нападите врз индустриски компјутери се сметаат за исклучително опасна закана, бидејќи предизвикуваат материјални загуби и застој на производствен циклус за целиот систем.

Тоа е сепак, продолжување на трендот – во 2017 година бројот се зголемил од 36,61 отсто во првата половина на годината на 37,75 отсто во втората половина од годината.

Во Виетнам биле нападнати во 2018 година 75,1 отсто компјутери, Алжир – 71,6 и Мароко 65 отсто.  ир/зш/09:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ