• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Катар ќе вложи десет милијарди евра во Германија

Катар ќе вложи десет милијарди евра во Германија

 

Берлин, 7 септември 2018 (МИА) - Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани најави 10 милијарди евра директни инвестиции во Германија во следните пет години.

- Со цел да ја искажеме нашата доверба кон германската економија и важноста за тамошно инвестирање, ја најавувам намерата на Катар да вложи 10 милијарди евра во наредните пет години во Германија, рече Ал Тани.

Во својот воведен говор на инвестициската конференција Германија - Катар во Берлин тој истакна дека трговијата меѓу двете земји е двојно зголемена на околу 23,8 милијарди евра, но обемот на економија е со благ пад во 2017 година. паг/13:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.