• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Украина затвори пунктови кон Крим поради хемиската хаварија

Украина затвори пунктови кон Крим поради хемиската хаварија

Киев, 7 септември 2018 (МИА) - Украинските власти соопштија дека затвориле два контролни пунктови кон областа Крим, откако пред две недели се случил засега неразјаснет инцидент со хемиски средства.

Затворени се пунктовите Каланчак и Чаплинка на границата со полуостровот Крим, а досега триесетина граничари биле хоспитализирани, при што петмина од нив со посериозни последици биле однесени во Одеса.

Украинските медиуми пренесуваат дека жители во близина на границата во изминатите недели се јавуваат да се пожалат на проблеми со дишењето, болки во грлото и иритација во очите. На социјалните мрежи се шират фотографии од домови прекриени со црвеникав прав. Украинските власти досега евакуирале неколку илјади жители, а биле измерени и повисоки концентрации на сулфур диоксид.

Се претпоставува дека извор на загадувањето е алуминиумската фабрика во градот Армјанск, од руската страна на границата. Украина не ја признава руската анексија на Крим од 2014 година и држи контролни пунктови на тесниот копнен појас што го поврзува Крим со копното. цч/ссм/18:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ