• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Франција ја обвини Русија за шпионажа

Франција ја обвини Русија за шпионажа

Тулуз, 7 септември 2018 (МИА) - Министерката за одбрана на Франција Флоранс Парли ја обвини денеска Русија дека се обидела да пресретне комуникација на француската и италијанската служба преку нивниот сателит. Таа оцени дека станува збор за „акт на шпионажа“.

Парли рече дека рускиот сателит Луш-Олимп се приближил до сателитот Атена-Фидус во 2017 година толку „што секој би помислил дека се обидува да ја пресретне нашата комуникација“.

- Оваа мала војна на ѕвезди се случи минатата година, а обидот за прислушување соседи е не само непријателски чин, туку и акт на шпионажа, истакна француската министерка.

Таа додаде дека Франција презела неопходни мерки, не прецизирајќи за што станува збор. ссм/19:18

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...