• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Автомобил удри во група минувачи во Москва, има жртви

Автомобил удри во група минувачи во Москва, има жртви

Москва, 9 септември 2018 (МИА) - Автомобил „фолксваген поло“ удрил денеска во група минувачи на булевар во Москва, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени, соопштија локалните власти.

Возачот на автомобилот со намера го насочил возилото кон минувачите по конфликт во кафеана.

Според првичните информации во кафеаната, која се наоѓала на московскиот булевар, неколку мажи се расправале. Едниот од нив влегол во автомобилот и почекал останатите учесници во конфликтот да излезат од угостителскиот објект. Потоа влетал со автомобилот, соопшти полицијата, потврдувајќи дека учесниците во инцидентот се државјани на Казахстан. гт/10:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ