Избори во Русија во 80 региони

Избори во Русија во 80 региони

Москва, 9 септември 2018 (МИА) - Во Русија денеска се одржуваат избори на различни нивоа, во кои право на глас имаат 65 милиони луѓе. 

Во 22 субјекта на Руската Федерација ќе има директни избори за гувернери. Во четири региони ќе се избираат раководители, за кои ќе гласаат пратениците во регионалните парламенти. Во 16 субјекти ќе се избираат пратеници во локалните законодавни собранија. Во 12 субјекти ќе има избори за областни собранија на областните центри. Ќе се гласа и за седум места во државната Дума - Долниот дом на рускиот Парламент.

Ќе се спроведат и многу општински избори, меѓу кои најголем интерес предизвикува гласањето за градоначалник на Москва. 

Вкупно ќе се одржат 4.700 гласања во 80 региони во земјата.

Централната изборна комисија не очекува висока излезност на изборите.

Изборите се одржуваат во момент на социјална тензија поради пензиските реформи, кои предизвикаа протести во целата држава.

Експерти изјавија дека засега изборниот процес минува мирно. гт/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ