Парламентарни избори во Шведска

Парламентарни избори во Шведска

Стокхолм, 9 септември 2018 (МИА) - Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот.

Право на глас имаат околу 7,5 милиони луѓе.

По изборите составот на новата влада се очекува да биде сложен процес. Според ангетите, левоориентираниот блок, кој е составен од Шведската социјалдемократска работничка партија на досегашниот премиер Стефан Ловен, Партијата на зелените и Левичарската партија, ќе освои 41 процент од гласовите, а главниот противкандидат, десноцентристичката Алијанса, составена од Умерената партија, Партијата на центарот, либералите и демохристијаните, ќе освојата 37,7 отсто.

Според шведското законодавство, по изборите досегашниот претседател на Парламентот, социјалдемократот Урбан Алин ќе направи консултации со сите парламентарно претставени партии и потоа ја предлага за гласање кандидатурата на партиски лидер за премиерската функција. Доколку кандидатурата не биде одобрена, тој има право на уште три обиди. Досега во современата шведска историја тоа не се случило. гт/12:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...