• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Вкупно седум лица повредени во напад со нож во Париз

Вкупно седум лица повредени во напад со нож во Париз

Париз, 10 септември 2018 (МИА) – Вкупно седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во напад со нож што синоќа се случил во Париз.

Напаѓачот, кој е упасен, бил вооружен со нож и метална шипка.

- Засега нема основи нападот да се окарактеризира како терористички, изјавил полициски претставник.

Според истиот извор, напаѓачот веројатно е Авганистанец, кој нападнал непознати на улица кусо време пред 23 часот во северниот дел на Париз.

Полицијата соопшти дека двајца од повредените се англиски туристи. јт/07:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ