• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Избори во Шведска: Подем на екстремната десница

Избори во Шведска: Подем на екстремната десница

Лонодн, 10 септември 2018 (МИА) - Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“.

Весникот наведува дека првичните резултати од вчерашните парламентарни избори покажуваат дека левицата и десницата се речиси изедначени, со тоа што екстремната десница ги подобри своите позиции што ќе и овозможи поголемо влијание во политиката во земјата.

Вообичаено премиер станува претседателот на партијата што добила најголем број гласови, но со оглед на изедначените резултати тешко е да се направат какви било предвидувања, пишува „Монд“.

Францускиот весник оценува дека во следните недели се очекуваат долги преговори за формирање Влада. И покрај тоа што десната популистичка партија Шведски демократи постигна полош изборен резултат отколу во период 2010-1014 година, таа успеа да се наметне во политичката дебата и од неа ќе зависи кој од двата блока ќе дојде на власт.

Десно ориентираната опозиција е решена да ги симне од власт социјалдемократите, но за да има стабилно мнозинство ќе треба да излезе од „изолацијата“, што досега и пречеше на екстремнодесната партија да обезбеди директно политичко влијание. „Монд“ истакнува дека седум од десет приврзаници на конзервативците се против тоа „да се подаде“ рака на екстремната десница.

Карл Билд

Она што би им помогнало на левоцентристите да состават Влада е фактот дека Партијата на зелените го надмина цензусот од четири проценти, добивајќи 4,4 отсто од гласовите, потенцира британскиот весник „Гардијан“.

Весникот истакнува дека новата Влада неминовно ќе биде коалиција меѓу двата основни блока на десноцентристичките и левоцентристичките партии што во пракса е исклучено, доколу во блокот се вклучи поранешната комунистичка Лева партија или помирување со Шведските демократи

Во последните години по финансиската криза во 2008 година и бигалската криза во 2015 година, ектремнодесничарките партии во Западна Европа постигнаа значителни успеси на сметка на традиционалните политички партии и веќе се дел од владите во Италија, Австгрија, Норвешка и Финска.

- Традиционалните партии не успеаја да одговорат на постоечкото чувство на незадоволство, смета Магнус Бломгрен од Универзитетот во градо Умео.

Тоа незадоволство може да не е директно поврзано со невработеноста и економијата, туку едноставно да претставува изгубена доверба во политичкиот систем. Шведска не е уникатна во однос на тоа, ја пренесува „Гардијан“ неговата изјава.

Стефан Ловен

Предизботната кампања во Шведска беше невообичаено поларизирачка за земја позната по барањето политички консензус, оценува „Њујорк тајмс“. Главните теми беа оние најспорните - миграцијата, криминалот, социјалната држава и, по летото во кое беснееа многу шумски пожари, животната средина.

Весникот оценува дека овие избори биле највнимателно следени од странство во современата шведска историја. Особен интерес предизвика кампањата на Шведските демократи, која се вбројува во редот на антимигрантските партии.

Резултатите од изборите се слични на повеќето неодамнешни избори во Европа. Опаѓање на поддршката за традиционалните партии и подем на екстремистичките партии и екологистите. Во Шведска тоа доведува до прашање дали водечките партии ќе ги исполнат своите ветувања да некоалицираат со Шведските демократи. Можно е водечките партии да се обидат да формираат некаква форма на широка коалиција, но тоа би било невообичаено за Шведска, каде често има малцински влади, наведува „Њујорк тајмс“.

За време на предизборната кампања Шведските демократи отворено зборуваа за традиционалните табу теми, како идентитетот, Исламот, интеграцијата и криминиалот. Ли Бених-Боркман, експерт по политички науки на Универзитетот на Упсала, го оквалификува како делумно шокирачко тоа што Шведските демократи се подготвени да стигнат толку далеку, но додава дека партијата успеала да го смени имиџот.

- Би кажала дека поголемиот дел од нивните приврзаници не се расисти и фашисти, вели таа. - Тие успеаа многу умешно да станат варијанта на Социјалдемократската партија, но со понационалистички амбиции, ја цитира „Њујорк тајмс“ изјавата на професорката. ссм/сп/09:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.