• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Европски штрајк во „Рајанер“ на 28 септември

Европски штрајк во „Рајанер“ на 28 септември

Брисел, 10 септември 2018 (МИА) - Белгиските медиуми, повикувајќи се на синдикални извори, најавуваат дека стјуардите и стјуардесите во „Рајанер“ одново ќе штрајкуваат во повеќе европски земји на 28 септември.

Информацијата ќе биде потврдена на 13 септември на прес-конференција на синдикатите, тврдат медиумите.

Се очекува ова да биде најголемиот европски штрајк во компанијата, бидејќи во него ќе учествува персоналот од Белгија, Португалија, Италија, Шпанија и од Холандија.

Барањата се истите како и досега - „Рајанер“ да ги применува националните законодавства за работните договори. Сега, вработените во „Рајанер“ добиваат ирски договори за работа, кои носат понизок степен на социјална заштита од повеќето други европски земји.

Засега само кабинскиот екипаж најавува штрајк, но не е исклучено да им се придружат пилотите. тм/сп/10:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.