• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Барние очекува крај на преговорите за Брегзит во ноември

Барние очекува крај на преговорите за Брегзит во ноември

Блед, 10 септември 2018 (МИА) - Мишел Барние, европскиот преговарач за Брегзит, изјави дека очекува успешен крај на преговорите во текот на ноември.

- Довербата и единството се суштински принципи во Европската унија, изјави Барние, најавувајќи договор за сите суштински прашања, вклучително и статусот на ирската граница.

Барние учествуваше на Бледскиот стратегиски форум во Словенија, каде се сретнал и со словенечкиот технички премиер Миро Церар. цч/зш/19:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.