• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Русија ги почна најголемите воени вежби по Студената војна

Русија ги почна најголемите воени вежби по Студената војна

Москва, 11 септември 2018 (МИА) - Во рускиот Источен воен округ почнаа најголемите воени вежби во историјата на постсоветска Русија, јави агенцијата ДПА.

Во вежбите „Исток-2018“ во рускиот Далечен исток учествуваат 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и дронови, 36.000 тенкови, оклопни транспортери и други оклопни возила, како и 80 бродови и помошни објекти, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството прецизира дека ова се најголемите воени вежби во Русија од 1981 година.

Вежбите ќе траат до 17 септември, а во нив учествуваат и воени единици од Кина и Монголија. јт/07:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ