• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Евроскептиците од Конзервативната партија не постигнаа согласност за алтернативен план за Брегзит

Евроскептиците од Конзервативната партија не постигнаа согласност за алтернативен план за Брегзит

Лондон, 11 септември 2018 (МИА) - Евроскептици од британската Конзервативна партија не постигнаа согласност за алтернативен план за Брегзит и документот кој го подготвија на крајот нема да биде објавен.

Приврзаници на Брегзит во партијата на премиерката Тереза ​​Меј, кои не сакаат блиски односи со Европската унија, поделија документ од 140 страници кој содржел алтернативен план за излез на Велика Британија од ЕУ. Конзервативниот пратеник Џејкоб Рис-Мог сепак рече дека документот нема да биде објавен.

- Вистината е, ќе размислиме, изјави Рис-Мог.

Поранешниот заменик-министер за Брегзит Стив Бејкер вчера изјави дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза ​​Меј се соочува со „катастрофална поделба“ во врска со планот на Меј за излез од Европската унија, изјави.

Според него, околу 80 пратеници од Конзервативната партија ќе гласаат против предлозите на Меј, познати како планот од Чекерс.

Стив Бејкер во јули поднесе оставка од фунцкијата заменик-министер за Брегзит, изразувајќи незадоволство од визијата на Меј за излезот на Велика Британија од Унијата.

Тој истакна дека не сака смена на лидерката на Конзервативната партија, но предупреди дека Меј би можела да се соочи со сериозен проблем на партиската конференција која ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври.

Бејкер смета дека Меј треба да се бори за договор за слободна трговија, под условите што претходно во март ги зацрта претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но условите за нејзин излез се уште не се јасни поради недостигот на сеопфатен договор за Брегзит.

И Лондон и Брисел велат дека сакаат договорот да биде готов до 18 октомври или најдоцна до крајот на годината.

Евентуален договор меѓу ЕУ и Велика Британија треба да биде одобрен од британскиот Парламент, кој на 20 декември оди на колективен божиќен одмор, и ќе продолжи да работи на 7 јануари. јт/10:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...