Италија протестира поради „неправедни“ критики на ОН за третман на мигранти

Италија протестира поради „неправедни“ критики на ОН за третман на мигранти

Рим, 11 септември 2018 (МИА) - Да се каже дека Италија има проблем со расизмот е „несоодветно, неосновано и неправедно“, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи.

Новата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет вчера изјави дека планира „во Италија да испрати персонал за да го процени пријавениот пораст на насилство и расизам против мигранти, лица од африканско потекло и Роми“.

Овие забелешки предизвикаа негодување од срана на министерот за внатрешни работи и заменик-премиер Матео Салвини, кој се закани со намалување на италијанските финансии за Обединетите нации.

- Италија дава повеќе од 100 милиони евра годишно како придонес и ќе разгледаме со сојузниците колку е корисно да продолжиме да ги даваме овие 100 милиони евра за финансирање на отпад, проневера, крадење, во организација која сака да им дава лекции на Италијанците додека има (земји-членки) кои користат тортура и смртна казна, изјави Салвини за италијанските медиуми.

Во денешното соопштение, Министерството за надворешни работи не ја повтори оваа закана, и наместо тоа ги истакна напорите на Италија за спасување на мигранти на море, за помош на африканските држави, и нејзините повици за поголемо учество на ЕУ и ОН во кризата со миграцијата на Медитеранот.

Италијанското МНР истакнува дека Италија е „горда“ што придонесе за годишно намалување на смртните случаи меѓу мигрантите во Медитеранот за 52 отсто, како и за 80-процентно намалување на приливот на мигранти во изминативе 12 месеци. јт/11:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...