• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 август 2018, 

Приклучувањето на водоводната мрежа на Технолошко индустриска развојна зона-Штип во завршна фаза

Штип, 3 декември 2012 (МИА) - Фабриката на „Џонсон контролс“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип за еден месец ќе биде приклучена на водоводната мрежа, истакна директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски. 

Нагласи дека ова е еден од најголемите проекти за Штип и оти  екипите веќе работат на последните подготовки за приклучување на фабриката на водоводната линија два, која се гради од Филтер станицата до зоната.

- Се прават завршните работи и веќе од наредниот месец очекуваме првата фабрика во Технолошко индустриската развојна зона да биде приклучена на водоводната линија два, изјави Мицевски.

Додаде дека првата фаза од изградбата на развојната водоводна линија два се реализира со средства од Владата и најави дека  на почетокот на наредната година ќе започне втората фаза од нејзината изградба.

- И средствата за втората фаза се обезбедни од Владата со кредитотот од Европската инвестициска банка. Штип добива грант од 1,5 милиони евра, кои ќе бидат искористени за изградбата на линијата до бањата „Кежовица“ и за канализациска мрежа за населбата Карорман, рече Мицевски.

Екипите на штипското Комунално претпријатие, додаде, работат и на изградба на нови парковски површини и детски игралишта во најголемата штипската населба „Сењак“. вдј/вј/14:17


###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Сите „паѓаат“ поради новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се нова...

Опра со пријателите летува во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра...

Мерилин Менсон колабираше за време на концерт во Хјустон

Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на ко...

Полицајка од Аргентина надои болно бебе во болницата каде што работи

Полицајка која била на должност во една аргентинск...

Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на Британск...