• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Почна учебната година за 11.000 ученици во општина Гостивар

Гостивар, 1 септември 2014 (МИА) - Почна учебната година за 11.000 ученици во средното и основното образование во општина Гостивар.

Прв училишен ден имаа близу 780 деца кои годинава беа запишани во прво одделение. Според информациите од локалната самоуправа, во четирите средни општински училишта во прва година се примени 800 завршени основци.

Од општината информираат дека за стартот на учебната 2014-15 година се извршени сите подготвки и обезбедени се услови за непречена настава.

- Направени се низа зафати и реконструкции на повеќе објекти со што се подобрени условите за престој на учениците. Првиот ден е искористен за запознавање со програмите и едукација за заштита од заразни болести и спроведување лична хигиена, рече Ќерамедин Селими, раководител на секторот за образование во општина Гостивар.

Во 15 образовни (средни и основни училишта) кои функционираат на територијата на општина Гостивар, годинава настава на албански, македонски и турски јазик ќе следат над 11.000 ученици, што е речиси идентичен број како и минатата година. згм/цр/13:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...