• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

„Питијада“ во Дневниот центар „Порака” од Неготино

„Питијада“ во Дневниот центар „Порака” од Неготино

Неготино, 19 ноември 2014 (МИА) - Во Дневниот центар за поддршка на лицата со ментален хендикеп „Порака” во Неготино денеска се одржа „Питијада“, на која беа понудени пити подготвени од страна на корисниците на центарот. 

Целта е, појасни Гордана Трајковска, претседател на Здружението, да се покаже дека и лицата со посебни потреби имаат способности, но тие способности треба некој да ги открие и да ги истакне како што тоа го правиме ние преку нашите секојдневни активности. 

- Питите беа подготвени од вредните раце на нашите корисници кои се сместени во неколку станбени единици, а во рамки на процесот на деинституционализација, кој го спроведува Здружението на граѓани за поддршка на лицата со ментален хендикеп „Порака” од Неготино. Тие во текот на неделата имаа задача во своите домови заедно со поддршка од асистентите да подготват неколку видови тестенини, кои денеска на заедничка маса ги претставија во просториите на центарот, а потоа си приредија прекрасен заеднички ручек, изјави Гордана Трајковска, претседател на Здружението.

За успешните кулинарски способности секоја станбена заедница доби благодарница. цр/15:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...