• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Старата театарска зграда во Велес премина во сопственост на општината

Старата театарска зграда во Велес премина во сопственост на општината

Велес, 23 февруари 2015 (МИА) - Општина Велес со одлука на Владата ја доби на трајно користење старата театарска зграда што се наоѓа на улицата „Илинденска“.

Објектот располага со околу 700 метри квадратни корисна површина и близу 800 метри квадратни дворно место.

- Изминатите две години на Општина Велес и беа доделени во сопственост уште неколку други капитални објекти со што вредоста на имотот што го поседува локалната самоуправа неколкукратно се зголеми, истакна велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Тој информира дека за овој простор, општината има изработено Детален урбанистички план со кој се предвидува изградба на станбено деловен објект.

- Со предвидената реконструкција на Автобуската станица и деловниот простор, овој дел од градот ќе добие сосема нов лик на задоволство на сите граѓани, потенцира Чадиев. ад/бак/14:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.