Крива Паланка го усвои буџетот за 2016

Крива Паланка го усвои буџетот за 2016

Крива Паланка, 29 декември 2015 (МИА) - Советот на општина Крива Паланка го усвои буџетот за 2016 година кој изнесува околу 355 милиони денари, а од следната година општинската каса ќе има дополнителни приливи од концесиите на вода.
 
Во буџетот за 2016 година се планирани даночни приходи од околу 46 милиони денари, капитални приходи од 34,5 милиони денари, од дотации во општинската каса ќе се прелеат 153 милиони, 104 милиони денари од трансфери, додека од донации се планираат приходи од 7,7 милиони денари.
 
- Со средства во висина од 50 милиони денари е планирана изградбата на три капитални проекти, три патни правци во општината за кои веќе се потпишани преддоговори, т.н. Руски пат до манастирот св.Јоаким Осоговски, пат во село Жидилово и доасфалтирање на патот до езерцето Калин Камен-информира Татјана Ѓеоргиевска, раководител на Одделението за финансии при општина Крива Паланка.
 
Главно финансиите од буџетот ќе бидат наменети за финансирање на 21 програма во општината, а околу 37 отсто од буџетските средства се планирани за плати на администрацијата.
 
- Новина следната година се дополнителните финснсиски приходи во буџетот од концесијата на вода од двете минихидроцентрали на Дурачка Река кои отпочнаа со работа на 8 октомври годинава, изјави Ѓеоргиевска.
 
Со буџетот за 2016 ќе се финансираат програмите за јавно осветлување, одржување, изградба на локална патна инфрастуктура, сообраќајна сигнализација, системи за водоснабдување и канализациски системи, јавна чистота, заштита на животна средина, музејска и кинотечна дејност, како и останати капитални трошоци. ид/сст/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...