• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Општина Велес и Стопанската комора на Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Општина Велес и Стопанската комора на Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Велес, 18 ноември 2016 (МИА) - Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион денеска потпишаа меморандуми за соработка со Стопанската комора на Македонија, Регионална комора со седиште во Велес.
 
Како што појасни градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, ова е прв Меморандум за соработка од ваков вид кој се потпишува во Република Македонија.
 
- Очекуваме бенефит да имаат најмногу фирмите кои ќе добијат неопходна помош и информации за посериозен пристап и користење на средствата од европските фондови. Крајна цел е развој на фирмите, подобра економија и  повисок стандард, потенцира Чадиев.
 
Според Општина Велес, Меморандумот за соработка меѓу трите институции значи учество, аплицирање и реализација на заеднички проекти, размена на информации од областите од заеднички интерес, решавање клучни прашања од значење за бизнис секторот во општината, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на локалната самоуправа и регионалната комора, поголемо вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на бизнисот на локално ниво, утврдување и негување на добрите деловни обичаи.
 
Со официјализирањето на соработката, нагласуваат од Општината, ќе се продлабочи соработката на овие институции и ќе се овозможи посериозен пристап на фирмите до претпристапните фондови на ЕУ. ад/мч/15:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.