• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Општина Велес донесени 36 урбанистички плански документации

Во Општина Велес донесени 36 урбанистички плански документации

Велес, 9 февруари 2017 (МИА) - Вкупно 14 нови детални урбанистички планови за населените места планира да изготви годинава Општина Велес.
 
Во изминатите четири години, пак, како што соопшти денеска градоначалниот Славчо Чадиев, Општината урбанистички испланирала 608 хектари.
 
- И оваа година продолжуваме со исто темпо. Советот ја донесе Програмата за изработка на урбанистички панови за 2017. Во постапка за изработка се 30 ДУП за различни делови на Општина Велес со вкупна површна  од 1.890 хектари. Но, поради различни ојективни причини кои не зависат од опшинските служби, тие се уште не се завршени. За овие активности се предвидени осум милиони денари, рече Чадиев на прес-конференција. ад/мч/16:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.