• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Во Кичево продолжи граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија“

Во Кичево продолжи граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија“

Кичево, 20 март 2017 (МИА) - На платото пред Домот на културата во Кичево и денеска продолжи грѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија“. На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанското здружение рече ддека нивната борба за Македонија не престанали и никогаш нема да престане.

- Овој народ што секојденвно се собира низ цела држава е единствен и сплотен под едно знаме – знамето на Република Македонија. Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство. Симболите на Македонија се симболи на нашето оптојување и никој нема право да се пазари со нив, рече Силјаноски.

Мирните и достоинствени протести, додаде, ги продолжуваме и вечерва и ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави.

По неговото обраќање протестот продолжи со марш низ улиците на Кичево. рз/вј/18:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Содерберг снима филм за финансискиот скандал во Панама

Холивудскиот режисер познат по филмскиот хит „Един...

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер...

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...