• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ЛИ 2017/Чадиев: Макотрпна работа за натамошен развој на Велес

ЛИ 2017/Чадиев: Макотрпна работа за натамошен развој на Велес

Велес, 25 септември 2017 (МИА) -  Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Велес, Славчо Чадиев, денеска ги претстави приоритетните проекти од изборната програма за  развој на општината за што ветува макотрпна и напорна работа.

Од жителите на Велес бара втор градоначалнички мандат со, како што рече, реализирани 370 проекти во изминатите четири години, и за почнување нови за подобар живот во општината. Најави изработка на студија за изградба на гасоводна мрежа на градот,  изградба на обиколница и кружни текови како решение за сообраќајниот метеж, катна гаража на паркингот до Автобуската станица, покриен градски пазар... 

- Поранешното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе се пренамениме во Центар за лица со посебни потреби и во градинка, а Офицерскиот дом во Градска библиотека. Туристичкиот локалитет „Езеро Младост“ дополнително ќе се уреди. Ќе започнеме и постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за Велес, рече Чадиев.
Тој вети позитивна кампања и најави оти ќе даде приоритет на предлозите од граѓаните за решавање на нивните проблем и подобар квалитет на животот во  урбаните и месни заедници.
 
- Политиката е натпревар на идеи, служење на народот. Велес е град кој што заслужува таков однос. Граѓаните тоа го очекуват од нас, и ние не треба да ја изневериме дадената доверба, рече Чадиев.ад/лв/13:45

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.