ЛИ2017/Кандидатот за градоначалник на Велес, Славчо Чадиев најави проекти во инфраструктурата

ЛИ2017/Кандидатот за градоначалник на Велес, Славчо Чадиев најави проекти во инфраструктурата

Велес, 26 септември 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција најави дека проектите во инфраструктурата остануваат приоритет и во новата изборна програма.

- Вложувањата во комуналната инфраструктура за мене, кандидатите за советници и целиот мој тим и понатаму остануваат врвен приоритет. Во таа насока сакам да информирам дека и во новата програма предвидуваме голем број конкретни проекти преку кои вложувањата во инфраструктурата ќе бидат уште посилни, рече Чадиев.

Тој додаде дека во наредниот период планираат реконструкција на 47 улици и уредување на тротоари на најмалку пет улици. Вкупната инвестиција за реализација на овие проекти изнесува 61.100 илјади денари кои, како што посочи, ќе бидат обезбедени од Буџетот на општината. Во Програмата предвидена е и изградба и реконструкција на пат до селото Сливник и до селото Новачани, како и изградба на потпорни ѕидови онаму каде што е потребно. ад/бак/15:24

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.