• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Средба на вицепремиерот Османи со чешкиот амбасадор Томан

Средба на вицепремиерот Османи со чешкиот амбасадор Томан

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и поддршката на Чешка за процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан беа теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

Билатералната соработка меѓу Македонија и Чешка, информираат од СЕП, од страна на двајцата соговорници беше оценета како солидна, а изразија надеж дека ќе продолжи и понатаму и дека ќе се продлабочи.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му го презентираше на Томан Планот 3-6-9, и посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. 

- Имаме кратки рокови, времето е сериозен фактор, но Владата и останатите институции се силно посветени на реформите и навреме ќе ги испорачаат ветените резултати, истакна Османи.

Тој додаде дека и Владата и граѓаните очекуваат конкретни чекори од старана на Унијата во насока на нашето приближување кон ЕУ. вј/рп/18:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...