• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Премиерот Заев прими делегација од здружението на Млади европски федералисти - Македонија

Премиерот Заев прими делегација од здружението на Млади европски федералисти - Македонија

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими делегација на Здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), која го информира за Федералното собрание на млади европски федералисти кое ќе се одржи во Македонија од 23-25 март годинава.

Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на здруѓението го поканија премиерот Заев да земе учество со свое обраќање, а од Владата побараа да биде покровител на настанот.

- Одговарајќи позитивно на поканата, премиерот потенцираше дека чест е да се биде домаќин на таква организација, и истакна дека се надева и на поинтензивна соработка во иднина затоа што, како што рече тој „многу често имате повеќе капацитет од многу политички субјекти во придонесот кон реформските процеси кои треба да не приближат кон ЕУ“, стои во соопштението.

заев со млади федералисти 2

Членовите на ЏЕФ Македонија, се додава, во оваа прилика, поздравувајќи ги заложбите за евроинтеграцијата на земјава, го запознаа премиерот детално за концептот на нивната организација и системот на вмрежување во рамките на европската мрежа на млади федералисти. 

Федералното собрание на млади европски федералисти по прв пат се одржува во Република Македонија, а на него ќе земат учество повеќе од 40 организации на млади европски федералисти од цела Европа. Теми на дискусија ќе бидат политики и резолуции кои се однесуваат на ниво на цела Европа. вг/лв/18:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...