• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР за мерките за градење доверба

Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР за мерките за градење доверба

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Делегации на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Грција денеска во Скопје ја одржаа седмата рунда консултации во врска со Мерките за градење доверба (МГД).

Како што соопштија од МНР, состанокот претставуваше продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес, во поддршка на напорите на Владите во создавањето позитивна политичка клима во билатералните односи меѓу двете земји.

Свој придонес во дискусијата, се наведува, дадоа и експерти од соодветните национални институции.

Усогласените области на соработка вклучуваат проекти за поврзување, полициската соработка, европските програми, културата, образованието, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, соработката меѓу дипломатските академии, како и реализацијата на бизнис иницијативи. Соработка беше иницирана и во областа на сеизмологијата, а беше парафиран и Меморандум за разбирање за соработка на полето на цивилната заштита, стои во соопштението.

Следниот состанок ќе биде одржан во Атина. вг/лв/19:16

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ