• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Поради дождовите ќе доцнат пролетните работи

Поради дождовите ќе доцнат пролетните работи

Прилеп, 8 март 2018 (МИА) - Поради обилните дождови пролетните сеидбени работи ќе доцнат барем 15-ина дена, а кога ќе се повлече водата од нивите мора да се прихрани житото зашто може да има намалување на приносите, велат од Агенцијхата за поттикнување на земјоделството од Прилеп.

Според Горан Томески, раководител на подрачната единица во Прилеп, нема поплави од дождовите во прилепскиот регион но голема е влагата во почвата и сите работи во полето ќе доцнат, а така е и со расадопроизводството на тутунот.

- Во седум денови во Прилепско наврнаа околу 30 литри вода на метар квадратен. Нема полави, но затоа има огромна влага во почвата што не дозволува да се влезе во нивите. Тоа ќе предизвика доцнење на пролетните сеидбени работи барем за 15-ина дена. Ќе доцни и расадопроизводството на тутунот. Кај градинарските култури нема поголем проблем зашто расадопроизводството на пиперката е под пластеници, вели Томески.

Што се однесува до есенските култури, особено житото мора да се изврши прихранување зашто приносите може да се намалат.

- Штом ќе се повлече водата во нивите, мора да се изврши прихранување на есенското жито. Од дождовите „измие“ е азотот“, па за да нема проблеми мора да се прихрани. Ако тоа не се направи може да има намалување на приносите кај житото, а и да угинат дел растенија. Некаде, каде немало соодветно прихранување преку зимата, веќе се јавува пожолтување на растенијата, објансува Томески. ем/сст/17:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ