• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

Скопје, 2 април 2018 (МИА) - Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздупловната навигација „М-НАВ“ и доедукација на кадри за потребите на воздухопловната индустрија.

Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски, претседателот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на воздухопловна навигација Николче Тасески и членот на Управниот Одбор на М-НАВ и извршен директор на воздухопловна техника, Климент Чепуњоски, потпишаа Меморандумот за соработка што предвидува соработка во различни домени, со посебен акцент на развојно-истражувачки и на апликативните проекти, консултативните услуги, едукативните активности, меѓусебната поддршка, стипендирање на студенти од завршните години и постдипломци и многу други заеднички активности.

- Потпишувањето Меморандум за соработка, за нас, како високо-образовна институција, значи искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии. Ние ја зголемуваме листата на компании со кои соработуваме и овозможуваме, нашите студенти да добијат практично наобразба и да се вклучуваат во реализација на многу научни и апликативни проекти, но и да добиваат стипендии за завршување на образовниот процес, вели деканот Ташковски.

За Тасески, со ова стартува соработката со еден од најдобрите факултети во Македонија на кои им е потребно практична поддршка.„Како Акционерско друштво, во целост, ги поддржуваме активностите на ФЕИТ во насока на обезбедување континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар, ќе обезбедиме материјална и стручно-професионална поддршка, ќе организираме различни семинари, предавања и активности за одбележување различни прослави, годишнини и јубилеи, вели Тасески.

Чепуњоски од своја страна рече дека ова е првпат од осамостојувањето на Македонија да имаме можност да создаваме кадри за потребите на воздухопловната индустрија.

- Препораките на ИКАО и европските регулатори налагаат континурани тренинзи и освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал, чија обврска е одржување, сервисирање и мониторинг на уредите и системите кои ги користат леталата. Воздухопловно-техничкиот персонал е тој кој дава лепеза на услуги во услови на постојано усовршување на технологиите и сé поголема употреба на уреди и системи кои треба да обезбедат сигурен воздушен сообраќај. За да може да ја изврши оваа исклучително важна обврска, на воздухопловно-техничкиот персонал му е неопходна соодветна обука, што ќе ја обебедиме во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), рече тој.

Според него, со потпишување на меморандумот ќе се овозможи подигнување на обуките на М-НАВ повисоко ниво, со вклучување на професорите од ФЕИТ во освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал.

- За оние предмети за кои нема соодветен професорски кадар, ќе биде обезбеден преку нивна специјализација во европски воздухопловни центри, со што ќе се овозможи искористување на локална научна база, намалување на трошоците со истовремено зголемување на квалитетот на процесот на обуки, изјави Чепуњоски. нд/са/12:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...